Дешан по поразот од Турција: За нас тоа беше шамар

Од:

Тренерот на Франција, Дидие Дешан не го криеше разочарувањето откако загуби 0-2 од Турција во Коња. Не толку резултатот колку ужасната игра го налути менторот на „петлите“ и тој ги критикуваше фудбалерите.

– Кога екипата се претставува на тој начин, нема ништо позитивно, што да се истакне. Не направивме што требаше, а против нас имаше организиран и доста мотивиран ривал. Неопходно е да играме многу подобро без разлика на фактот дека ние сме светски шампиони. За нас тоа беше шамар. Повеќе нема што да додаде, изјави францускиот селектор.

Интересен факт е дека „петлите“ за прв пат од 10 години не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол.

Французите шутнаа четири пати во натпреварот, но сите нивни удари излегоа надвое одрамките на голот. Покрај тоа, за четири години Франција не дозволила повеќе од еден гол пред паузата.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Ана Ололовска

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата