Денеска почнува Вимблдон

Од:

На терените на „Ол Ингланд клаб“ во Вимблдон денеска почнува третиот Грен Слем турнир сезонава. Бранителот на титулата од минатата година е домашниот тенисер Енди Мареј.

Букмејкерите најголеми шанси за освојување на тронот им даваат на во моментов двајцата први светски рекети Рафаел Надал (Шпанија) и на Новак Ѓоковиќ (Србија).

Кај дамите ќе ја нема ланската победничка Марион Бартоли. Французинката набргу по освојувањето на Вимблдон одлучи да ја заврши професионалната кариера.

Прва фаворитка е Серена Вилијамс (САД), а нејзина главна конкурентка за трофејот се очекува да биде Марија Шарапова (Русија).

Почетокот на првите натпревари е закажан во 12 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари