Цонга прв полуфиналист во Монте Карло

Од:

Французинот го елиминираше Вавринка и го чека победникот од дуелот помеѓу Надал и Димитров. Денеска игра и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ против финскиот тенисер Јарко Ниеминен.

Швајцарскиот претставник Станислав Вавринка не успеа да ја повтори феноменалната партија од осминафиналето кога го декласираше Енди Мареј, потклекна пред Жо-Вилфред Цонга кој славеше со 2:1 по сетови (2:6, 6:3, 6:4).

Швајцарецот добро го започна мечот, убедливо го освои првиот сет, но немаше сили за освојување на втор, Цонга наметна свое темпо на игра, обезбеди нови АТП поени.

Од четвртфиналните средби треба да се одигра и дуелот помеѓу Фоњини и Гаске.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари