(ВИДЕО) Циципас по триумфот во Лондон: Се сеќавам кога го гледав овој настан на телевизија

Од:

Победникот на завршниот АТП Мастерс во Лондон 2019, грчкиот тенисер Стефанос Циципас, изјави дека му се оствари сонот да го освои трофејот на турнирот што во минатото го гледал на телевизија.

– Прво, бев многу возбуден што сум дел од овој Мастерс. За мене, самиот пласман во Лондон беше голема работа. Сега кога сум шампион, не знам како да го објаснам тоа. Искрено немам зборови како се чувствувам, затоа што ова се премногу емоции. Се сеќавам како гледав на овој настан на ТВ и размислував: „Овие момци направија луда година да играат тука“. А сега, јас сум во позиција да бидам шампион, така што се чувствувам прекрасно, изјави Циципас

Гркот синоќа во финалето го победи Австриецот Доминик Тим со 2-1, по сетови 6:7, 6:2 и 7:6.

Наградниот фонд на Мастерсот во британската престолнина изнесуваше девет милиони долари.

Би можело да ве интересира

Мареј го одложува враќањето на терените

Ана Ололовска

Лопез станува прв тенисер со учество на 73 Грен слема

Ана Ололовска

Освојувач на Вимблдон и УС Опен во двојки со позитивен тест за допинг, тој вели дека е невин

А1он

Ѓоковиќ најдобар спортист на Балканот во изборот на новинските агенции

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ѓоковиќ ја пее „Видовдан“ по освојувањето на АТП Купот

Ана Ололовска

Ѓоковиќ го победи Надал, дуелот во двојки ќе решава за шампионот на АТП Купот

Ана Ололовска