Чилиќ позитивен на допинг тест

Од:

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ го очекува суспензија поради користење недозволени стимулативни средства.

Чилиќ беше тестиран за време на турнирот во Минхен каде не го помина допинг тестот.

Според објаснувањето од тимот на Хрватот, на Чилиќ му паднал шеќерот и поради тоа, еден член од тимот купил препарат од аптека и му го дал на тенисерот иако на него пишувало дека може да покаже позитивни резултати при допиг контрола.

Чилиќ бил тестиран и две недели претходно на турнирот во Монте Карло и тогаш бил „негативен“. Поради тоа и поради минималното количество на недозволената супстанца при допингот во Минхен, се очекува хрватскиот тенисер да помине со „блага“ казна од околу три месеци.

Ова е втор случај во последниве три дена допинг афера да се случува кај тенисери од Балканот, откако претходно поради одбивање на допинг тест 18-месечна суспензија доби српскиот тенисер Виктор Троицки.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари