На Отвореното првенство на Велика Британија денеска на програмата се мечевите од четвртфиналната фаза кај тенисерките.
По многуте изненадување од ТОП 5 фаворитките за трофејот остана само Симона Халеп која во оваа фаза за противничка ја доби највисоко рангираната од сите четвртфиналистки, а тоа е шестата носителка Јохана Конта.
Двојки за четвртфиналето:
Гарбине Мугуруза Бланко (Шпанија) – Светлана Кузњецова (Русија),
Магдалена Рибарикова (Словачка) – Коко Вандевеј (САД),
Венус Вилијамс (САД) – Јелена Остапенко (Летонија) и
Јохана Конта (Велика Британија) – Симона Халеп (Романија).
Програмата почнува во 14 часот.