Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон кога во драматичен меч во пет сета славеше против Тајлор Фриц со 3-6, 7-5, 3-6, 7-5, 7-6. И повторно се покажа дека во маратонските мечеви ретко кој може да го победи Надал, дури и кога има сет негатива, а и болки во коленото и стапалото. Сепак, на крајот тој успеа во тај-брејк во последниот петти сет да слави со 10-4 на поени и да закаже полуфинална пресметка со Кирјос.

Фриц го доби првиот сет со 6-3, но Надал се врати и го освои вториот со 7-5. Третиот повторно му припадна на Тајлор Фриц со 6-3, но Рафаел Надал смогна сили да го добие четвртиот, повторно со 7-5.

Петтиот сет беше неверојатно драматичен, на крајот дојде до 6-6, па мораше да се решава победникот во тај-брејк. Менталната сила на Надал пресуди, Шпанецот поведе со 5-0, Фриц возврати со три поени во низа, но на крајот победата му припадна на поискусниот. Надал прв стигна до 10 поени (10-4) и го комплетира мечот.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера