Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно фит за да се натпреварува, јавува Би-Би-Си.

Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.

„Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти“, рече Надал на прес-конференција во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Надал никогаш поемотивен: „Моето тело веќе долго време испраќа сигнали…“

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн