Надал се повлече од Австралија Опен

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да игра на Австралија опен.

„Бикот од Мајорка“ по една година пауза се врати на турнирот во Бризбејн, победувајќи ги Доминик Тием и Џејсон Кублер, а загуби од Џордан Томпсон.

Во тој четвртфинален меч се здоби со повреда во пределот на колкот, но за негова среќа не е тој дел поради што ја пропушти целата сезона минатата година.

Сепак, Надал реши да не ризикува и да се врати во Шпанија, каде ќе се лекува и опоравува, за да се врати и да биде подготвен за сезоната на земјена подлога, која му е приоритет.

„Здраво на сите, за време на мојот последен натпревар во Бризбејн имав мал проблем со мускулот, кој како што знаете ме загрижи. Кога стигнав во Мелбурн имав можност да направам магнетна резонанца и имам микро исеченица на мускулот, но не на истиот дел каде што имав повреда и тоа е добра вест. Во моментов не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво во натпревари во три сета. Летам назад во Шпанија за да се лекувам и да се одморам“, напиша Надал на социјалните мрежи, додавајќи:

„Работев напорно во текот на годината за овој камбек и како што отсекогаш спомнував мојата цел беше да бидам во најдобра форма за три месеци. Во рамките на оваа тажна вест за мене што не можам да играм пред неверојатната публика во Мелбурн, ова не е толку лоша вест и сите остануваме позитивни за еволуцијата на оваа сезона. Навистина сакав да играм овде во Австралија и имав можност да одиграм неколку натпревари кои ме направија среќен и позитивен. Ви благодарам на сите за вашата поддршка и се гледаме наскоро“.

Би можело да ве интересира

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

Навивачи го прекинаа финалето на Австралија опен поради Палестина, викајќи и врзувајќи се за столчиња

Предраг Петровиќ