Вимблдон оди чекор понатаму – Медведев е пред суспензија

Од:

Челниците на Вимблдон се посериозни да не дозволат руски и белоруски тенисери да играат оваа година.

Причината поради која организаторите на овој Грен слем сакаат пред се да го суспендираат Данил Меведев е тоа што постои страв дека неговиот триумф би можел да им даде ветер во грб на властите во Москва.

Претходно министерот за спорт во Британија Најџел Хадлстон побара од Медведев и другите писмено да се изјаснат и да потврдат дека не добиваат пари од Путин, Русија и Белорусија и дека нема да ги поддржат тие страни.

Ол Ингланд клубот има привилегиран статус во однос на другите големи турнири, кои останаа неутрални по ова прашање, за да не се соочат со судски постапки.

И додека АТП, ВТА и ИТФ одлучија да им забранат на руските и белоруските играчи да играат под свое знаме, Вимблдон има намера да оди чекор понатаму.

Би можеле да ги избркаат сите останати тенисери од Русија и Белорусија поради истата причина – страв дека нивниот добар резултат на третиот Грен слем може да влијае на политичката ситуација во светот.

Пријавувањата за турнирот траат до средината на мај, додека натпреварувањето е на програмата од 27 јуни до 10 јули.

Треба да се каже дека Данил Медведев пред неколку дена имаше операција на кила, па секако е под знак прашалник за Вимблдон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО:Скандал со Медведев – жестоко го опцу тренерот, тој стана и си замина

Предраг Петровиќ

Вимблдон официјално потврди: Без руски и белоруски тенисери на турнирот

А1он

Медведев спаси меч топка и со голем прсврт се пласираше во полуфиналето на Австралија опен

Медведев прв полуфиналист на УС Опен

А1он

ВИДЕО: Ѓоковиќ го подари победничкиот рекет на девојче од публиката

Мери Јордановска

Новак Ѓоковиќ влезе во историјата, го освои Вимблдон!

Мери Јордановска