Четворица јужноафрикански фудбалери загинаа во сообраќајка

Од:

Четворица фудбалери на јужноафриканскиот клуб Полокване Сити загинаа во сообраќајна несреќа, вчера попладне, пренесуваат локалните медиуми.

До несреќата дошло кога автобусот кој ги пренесувал фудбалерите по натпреварот, се судрил со автомобил.

Четворицата фудбалери загинале на местото на несреќата, додека уште тројца се наоѓаат во критична состојба.

Јужноафриканската фудбалска федерација потврди дека загинале Кокетсо Такало, Роберт Мпхути, Моекетси Нтхете и Силвестер Мпакетсане и упати сочувство до нивните семејства.

Полицијата соопшти дека несреќата ја предизвикал возачот на автомобилот, кој бил под дејство на алкохол.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ