Челзи ги отфрли понудите од Барса и Атлетико за Вилијан

Од:

Челзи одби предлози од Барселона и Атлетико Мадрид за Вилијан, информира „Скај Спортс“. Тие беа во вредност од 35 милиони фунти (околу 39 милиони евра). Бразилецот ја започнува својата последна година од договорот со лондонскиот тим и е атрактивна цел за други клубови.

Челзи, сепак, се бори да ги задржи своите играчи, бидејќи нема право да привлече нови играчи за тековниот и следниот трансфер прозорец. Пред неколку дена „сините“ се разделија со Еден Азар, но ќе се обиде да ги предомисли другите фудбалери, кои сакаат да си заминат.

Во моментов 30-годишниот Вилијан е на Копа Америка со националниот тим на Бразил, откако беше повикан да го замени повредениот Нејмар.

Офанзивниот фудбалер ќе ја игра шестата сезона со тимот на Челзи, откако пристигна од Анжи во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Баерн може да го назначи Алонсо за главен тренер доколку не се договори со Тен Хаг

Ана Ололовска

Клоп: ВАР никогаш нема да биде 100 проценти точен, сите го знаат тоа

Ана Ололовска

Фати не играше на јуниорското СП, но не играше многу ниту за Барселона

Барселона претстави нова опрема со боите на знамето на Каталонија

Ана Ололовска

Стерлинг отстранет од англиската репрезентација по пресметката со Гомез

Ана Ололовска

Марез: Не е доволно само да одиграте добар натпревар во Сити

Ана Ололовска