Чеферин: Суперлигата е само нечиј сон

Од:

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, смета дека проектот на најголемите фудбалски клубови од Европа наречен Суперлига нема да успее.

Суперлигата нема да се случи. Тоа е само сон. Имаме некои идеи, но се што можам да кажам е дека тоа не е Суперлига. Сите ќе имаат можност да се натпреваруваат во елитата, изјави Чеферин.

Тој додава дека целта е да се намали јазот меѓу богатите и другите клубови.

Се случува богатите да стануваат побогати, а ние сакаме да се справиме со овој проблем. Тешко ќе оди процесот да исчезне разликата меѓу клубовите, но барем ќе се обидеме да ја забавиме и намалиме.

Словенецот верува дека само преку резултати треба да се добие можност д асе игра во елитата.

Реакцијата на првиот човек на Европската фудбалска асоцијација е само една од многуте кои ги предизвика најавата на проектот 16 врвни европски екипи да играат во затворена Суперлига.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ