Браќата Мамиќ осомничени за затајување данок

Од:

Хрватската полиција во раните утрински часови влегла во куќите на извршниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ и неговиот брат Зоран Мамиќ кој ја извршува тренерската функција во хрватскиот шампион. Браќата, според хрватските медиуми, се сомничат за даночно затајување.

Осомничените не се во Загреб, туку се наоѓаат во Словенија каде Динамо се подготвува за новата сезона и треба да одигра контролен дуел со македонскиот шампион Вардар.

– Ние сме подготвени за соработка со сите институции, но жалиме што ова се случи во време кога се наоѓаме на подготовки во странство и малку ни е чудно што постапката почнува баш сега. Ги отфрламе сите обвинение што се кон нашиот клуб и раководството и ќе докажеме дека сме неоправдано осомничени, соопштија од Динамо.

Здравко Мамиќ подолго време е на удар кај поголемиот дел од навивачите на Динамо кои од него повеќепати бараа оставка и ги бојкотираа натпреварите на нивните миленици.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ