Болт по четврти пат најдобар на планетата

Од:

Усаин Болт од Јамајка и Алисон Феликс од Соединетите Американски Држави денеска беа прогласени за најдобри атлетичари за 2012 година во изборот на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ).

Болт оваа година освои три златни медали на Олимписките Игри во Лондон, на 100, 200 и на 4x 100 метри и така го повтори успехот од Игрите во Пекинг пред четири години.

Ова беше четврти пат во последните пет години Болт да ја освои оваа награда за најдобар атлетичар.

Феликс исто така имаше златен хет трик во Лондон, на 200 и на 4×100 и 4×400 метри.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата