Болт: Ќе трчам 200 метри под 19 секунди

Од:

Усеин Болт има освоено се што може да се освои на големите натпреварувања, но сепак како секој врвен спортист, и тој секогаш наоѓа начин да се мотивира за да продолжи да напредува.

Јамајчанецот неодамна ја откри и својата голема желба за 2013 година, да испише нови страници во историјата на овој спорт, поточно во дисциплината на 200 метри, ќе настојува не само да го урне сопствениот светски рекорд од 19,19 секунди, туку и да стане првиот атлетичар што успеал да ја истрча оваа делница за помалку од 19 секунди.

„Тоа ќе биде мојата главна цел за 2013 година – да ја спуштам границата на 200 метри под 19 секунди. За многумина тоа делува недостижно, но јас искрено верувам дека сум способен да истрчам толку брзо. Ќе работам напорно и се надевам дека во следните дванаесет месеци ќе го урнам сопствениот рекорд“, вели Болт.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата