Болт добитник на наградата Лауреус за 2012

Од:

Атлетичарот од Јамајка, Јусеи Болт е добитник на традиционалната награда Лауреус за најдобар светски спортист во 2012 година.

Наградата Лауреус минатата година ја доби српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Интересно е што Болт не присуствуваше на свеченото доделување на наградата од Спортската академија во Рио Де Жанеиро, Бразил.

Болт по трет пат во кариерата ја доби оваа престижна награда, претходно беше прогласен во 2009 и 2010 година.

Покрај него во трката за спортист на годината беа Мо Фарах, Лионел Меси, Мајкл Фелпс, Себастјан Фетел и Бредли Вигинс.

Британката Џесика Енис е добитник на наградата за најдобра спортистка. Мајкл Фелпс ја доби наградата за достигнување, бидејќи пливачката кариера ја заврши со 18 олимписки златни медали.

За екипа на годината е прогласена Европската голф репрезентација која на Рајдер Купот ја победи САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата