Билети за Вимболдон само за 20.000 фунти

Од:

Повеќе од месец дена влезниците за ЛОИ беа едни од најбараните и најскапите билети за спортски натпревари, но Роџер Федерер и Енди Мареј ги засенија Усаин Болт и Јохан Блејк на 48 часа.

Откако Енди Мареј успеа да се пласира за првпат во финалето на Вимболдон, цел Лондон отиде да се натпреварува за билети за финалето од овој натпревар и да му пружа поддршка на својот домашен натпреварувач.

Ова е всушност спектакуларно финале, Давид против Голијат, Енди против најпопуларниот светски тенисер во речиси сите досегашни турнири во тенис, вклучувајќи го и Вимблдон, Роџер Федерер. Сепак, многу поважно во оваа приказна, Енди Мареј е првиот Британец по 1938 година по Бани Остин кој се квалификуваше во финалето на Вимблдон. А ако го победи Федерер , ќе стане првиот Британец со титулата од Вимболдон по Фред Пери во 1936 година.

Британски интернет сајт за продажба на билети, билетите за утрешниот натпревар достигнаа цена од 15,000 фунти за еден. До утрешниот почеток се очекува да стигне до неверојатни 20.000 фунти.!

 

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари