Билет за последниот меч на Федерер се продава и за 80.000 евра

Од:

Роџер Федерер вчера објави дека настапот на Лејвер купот, кој се игра следната недела, ќе биде последен негов професионален турнир во кариерата. Швајцарецот, кој има 41 година, во тениска пензија заминува со 20 гренслем-титули, со 103 титули на АТП-турот, како и со 310 недели поминати на првото место на АТП-листата.

На егзибицискиот Лејвер куп, легендарниот тенисер ќе биде дел од тимот на Европа, кој ќе игра против Остатокот на светот. Во тимот на Европа ќе играат и Каспер Руд, Рафаел Надал, Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, а капитен ќе биде Бјорн Борг. За Остатокот на светот ќе играат Тејлор Фриц, Фелик Оже-Алијасим, Диего Шварцман, Френсис Тијафо, Алекс де Минаур и Џек Сок, а капитен ќе биде Џон Мекинро.

Влезниците на овие мечеви веќе се продадени, а откако Федерер најави дека тука ќе ја заврши кариерата, започна препродажба на билетите. Најевтиниот билет на сајтовите за препродажба чини 2.400 евра, а влезниците за подобри позиции на трибините се движат од 13.000 до 17.000 евра. Има и билети за места кои се веднаш до „боксот“ на Федерер, а тие билети се продаваат по неверојатна цена од 80.000 евра.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

СДСМ: Нова програма за европска иднина: Просечна пензија од 500 евра

Горан Наумовски

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Пензионерка до Меџити: Ние со еден бубрег кога ќе добиеме ленти за мерење шеќер, пензијата од 12.500 не стигнува за нашите лекови

A1on

Ковачевски: Фондот нема да го издржи линеарното покачување на пензиите, тоа е трошок од 220 милиони евра

A1on