Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Од:

Седницата за инаугурацијата на првата жена претседател на државата Гордана Сиљановска-Давкова Собранието ќе ја закаже на 12 мај в недела, денот кога завршува мандатот на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска и синот Огнен на 12 мај треба да ја напушти претседателската резиденција на Водно, во која се всели пред точно пет години.

По престанокот на функцијата, на претседателот Пендаровски му следат низа на доживотни бенефиции. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Пред пет години Пендаровски, откако се пресели во вилата во која неговиот претходник Ѓорѓе Иванов живееше десет години или два мандати, пред новинарите најави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту пак средства за отворање на канцеларија, туку ќе се врати на работното место професор.

Неговиот претходник Иванов ја искористи законската можност за претседателска пензија и доживотно на трошок на државата му следуваат канцеларии во висококатниците во Џевахир, буџет од 150.000 евра, пензија од 91.000 денари, обезбедување и возач.

Би можело да ве интересира

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он

Пелегрини – Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ треба да биде фер процес, предвидлив и со исти правила за сите кандидати

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он