Пензионерка до Меџити: Ние со еден бубрег кога ќе добиеме ленти за мерење шеќер, пензијата од 12.500 не стигнува за нашите лекови

Од:

Пензионерка од Скопје лично го праша министерот за здравство Фатмир Меџити при неговата посета на поликлиниката „Јане Сандански“ кога дијабетичарите ќе ги добијат лентите за мерење шеќер во крвта и му се пожали дека со пензијата од 12.500 денари не може да ги набави сите лекови кои и се потребни за другите болести од кои боледува.

„А, ленти кога ќе добиеме ние што сме со еден бубрег? Земам пензија од 12.500 денари. Две ребра имам извадено поради рак, четири пати го имам оперирано мочниот меур, бубрег имам извадено, имам тироидна болна. Се отепав пари давајќи, за срце пијам лекови, шеќер имам, се боцкам по трипати. Живеам тука во пензионерски дом. Не сум мажена поради болести, се разболев многу млада. Немам фамилија, ми изумреа сите, само една сестра имам стара“, реагираше пензионерката.

Меџити пак и пријде и и рече дека добро се држи и покрај сите болести.

„Ќе има ленти. И навистина како министер се извинувам за тоа што доцнеа, но едно ќе ве уверам – отсега натаму со мене Фатмир Меџити како министер нема да има вакви проблеми со доцнење на лековите“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар

Сузбиена криминална група, кривична пријава за осуммина, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 14 лица, дел од нив се лекари на скопските клиники

Предраг Петровиќ

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

Со години ја земаше пензијата на починатата мајка, го фатија кога отиде да вади нова лична карта за неа

А1он