Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

Од:

Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски планира да го врати паралелниот увоз на лекови, кој беше укинат во времето на СДСМ поради ризикот од фалсификувани и опасни лекови, тврдат од СДСМ.

Според информациитте на СДСМ власта сака да измени член од Законот за фармација за да овозможи паралелен увоз, со што граѓаните би можеле да бидат изложени на лекови со несигурен квалитет. Ова го потврдуваат и некои здруженија и пациенти кои изразуваат страв од ризик по здравјето.

Историјата покажува дека паралелниот увоз бил злоупотребуван за време на владеењето на ДПМНЕ. Во 2016 година беше откриен скандал со фалсификувани лекови внесени во државата, дел од нив на Клиниката за онкологија, каде се лекуваат пациенти со рак. Поради тоа, СДСМ го забрани овој увоз, посочуваат од партијата.

СДСМ најави поддршка на сите акции кои ќе спречат враќање на паралелниот увоз и заштита на здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард