БИБЛ: Кожув поразен дома од Берое

Од:

Кошаркарите на Кожува вечерва доживеаја пораз од Берое со 85-94 (38-54) во БИБЛ лигата. За гевгелискиот тим ова беше осми пораз во единаесеттиот натпрревар во регионалното кошаркарско натпреварување.

Иако имаше 16 поени негатива на полувреме, кошаркарите на Александар Јончевски дојдоа до израмнување на разултатот (69-69), откако третата четвртина ја добија со 31-15. Во последната четвртина Кожув стигна и до пет поени водство (75-70), но бугарската екипа успешно се врати во мечот и на крајот славеше, откако последната четвртина ја доби со 16-25.

Најефикасен кај домаќините беше Вилијамс со 24 поени, додека Караколев реализираше 20 поени. Во победничкиот состав одличен беше Конер Френкамп со 38 поени.

Кожув по овој меч остана на петтата позиција, додека Берое е на чело на табелата.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ