Бердих и Ѓоковиќ првото полуфинале во Шангај

Од:

На Мастерс турнирот во Шангај, позната е првата полуфинална двојка, додека Едни Мареј го очекува својот противник.

Новак Ѓоковиќ и Томаш Бердих се изборија за меѓусебен дуел, преку кој ќе се обидат да се пласираат во финалето.

Ѓоковиќ во четвртфиналето го победи Томи Хас со 6:3, 6:3, во меч кој траеше 82 минути. Незначително повеќе време на теренот мина Бердих, тој за 95 минути го победи Жо-Вилфред Цонга со 6:3, 7:6.

Пласман меѓу најдобрата четворка на Мастерсот во Шангај избори и бранителот на титулата Енди Мареј, тој потешко од очекувањата го совлада Радек Штепанек со 4:6, 6:3, 6:2.

Негов противник во полуфиналето ќе биде победникот од мечот помеѓу Роџер Федерер и Марин Чилиќ.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари