Бенто: Роналдо е од друга планета

Од:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Пауло Бенто изјави дека Кристијано Роналдо е од друга планета.

Фудбалерот на Реал Мадрид на португалската репрезентација и донесе победа над Северна Ирска, во квалификациите за Светското првенство, откако во победата од 4:2, постигна три гола.

Тој стигна до бројката од 43 погодоци за репрезентација, така што стана втор најдобар стрелец во историјата.

-Роналдо е од друга планета. Тој веќе е втор најдобар фудбалер во историјата на Португалија, што е многу лудо, бидејќи се уште е млад-истакна Бенто.

Роналдо исто така не ја криеше својата радост за постигнатите голови, па изјави дека е ова за него претставува историско случување, бидејќи прв пат постигнал хет-трик за репрезентацијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ