Бекер: Секое време има свои шампиони

Од:

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер не мисли дека Швајцарецот Роџер Федерер е најдобриот тенисер на сите времиња.

„Јас започнав со дрвен рекет, со кој не можете да го изведете тоа што тенисерите денеска го прават. Би сакал да  ги видам Федерер и Надал во такви услови.

– Не верувам дека Федерер би го победил Мекинро на Вимблдон или Борг во најдобрите денови на Ролан Гарос. Тоа не одзема ништо од неговата големина, само велам дека е невозможно за некој да се каже дека е најдобар на сите времиња“, објаснува Бекер.

„Федерер има 17 грен слем титули, најмногу недели поминати на прво место на АТП листата, неговиот најголем квалитет е што опстојува сите овие години. Но да се каже дека е најдобар на сите времиња, такво нешто не постои и мислам дека никој не може да докаже. Федерер е фантастичен сега, но секое време има свои шампиони“, рече Бекер во интервју за американскиот ESPN.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари