Бартомеу против дуелите од ЛШ да се играат преку викенд

Од:

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу се изјасни против идејата натпреварите од Лигата на Шампионите да се играат во текот на викендите.

Таква промена во спроведувањето на турнирот е во плановите на УЕФА за новиот формат на натпреварувањето.

– Позицијата на Барселона е јасна – натпреварите од Ла Лига треба да се одржуваат на крајот на неделава, а оние од Лигата на Шампионите во текот на неделата. Ла Лига е исклучително важна за нас. Ние сакаме Лигата на Шампионите да има еволуција, а не револуција, изјави претседателот на Барселона за „Зидојче Цајтунг“.

Плановите на УЕФА се Лигата на Шампионите да претрпи промена и на турнирот од 2024 година да учествуваат 24 екипи кои ќе бидат распределени во осум групи од по четири тима. Ова ќе загарантира повеќе натпревари на тимовите кои учествуваат во турнирот и повеќе финансиски средства.

– Постојат различни идеи за Лигата на Шампионите, но се уште немаме финален концепт. На мене ми се допаѓа проектот со 24 тима на Светското клубско првенство, заклучи Бартомеу.

Би можело да ве интересира

Екс-претседателот на Сантош со милион долари го задржал Нејмар да не замине во Реал

Ана Ололовска

Пропадна трансфер на Атлетико поради финансискиот фер-плеј

Реал пред Барса во Примера за прв пат по 818 дена

Реал Мадрид ја забележа својата прва победа сезонава

Проблеми за Барса: Потврдена повредата на Суарез

Валверде по поразот од Билбао: Мораме да се справиме без Меси