Барселона во јануари во нов обид да го доведе Кутињо

Од:

Фудбалскиот клуб Барселона најави дека во јануари за време на преодниот рок повторно ќе се обиде да направи трансфер и во своите редови да го донесе играчот на Ливерпул, Филипе Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми.

Каталонскиот клуб во летниот преоден рок не успеа да го ангажира Кутињо, а понуди 100 милиони евра за играчот на Ливерпул.

Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп беше доследен и не сакаше да го продаде играчот, притоа Клоп изјави дека доколку клубот од Енфилд не ги продавал своите најдобри играчи сега би можел да биде во самиот врв и дека додека е тој менаџер таа грешка нема да се повтори.

По враќањето во тимот есенва Кутињо постигна три голови (два во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите) и еден од најдобрите играчи во „црвениот дрес“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски