Барселона го менува амблемот

Од:

Фудбалскиот клуб Барселона е на чекор од историска одлука. Претстои предлог за промена на амблемот на клубот, а конечната одлука зависи од тоа како ќе гласаат на т.н. „Сосиос“ – членови на клубот. Гласањето ќе се одржи на 20 октомври.

Предлогот е за стилизирана и модернизирана верзија на актуелниот амблем, а најголемата разлика ќе биде дека новото лого нема да ги има трите букви – FCB, што значи Фудбалски клуб Барселона. „Лос Кулес“ не е единствениот тим со слични иницијали, а колегите во овој поглед се Баерн Минхен и Базел.

Трите букви се појавуваат во секој амблем на Барса од 1910 година. Новото лого е една од клучните точки во стратешкиот план на тимот за промовирање на брендот на глобално ниво.

Проектот го направи локалната компанија за брендирање „Summa“ и беше претставен од Конрад Љоренс, кој е добитник на некои од најреномираните дизајнерски награди во Каталонија.

Ако промената биде одобрена, таа ќе стапи во сила во сезоната 2019/2020.

Би можело да ве интересира

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Скаути на Барселона го гледале Мукоко