Азаренка: Време е да се разговара за задолжителна вакцинација во тенисот

Од:

Белорусинката Викторија Азаренка стана првата тенисерка која јавно побара задолжителна вакцинација против коронавирус во тенискиот свет.

Азаренка по победата во 2. коло на УС Опен над Италијанката Јасмин Паолини со 2:0 во сетови, рече дека е среќна што повторно може да игра пред публика, но оти тоа го отвора и прашањето за вакцинација меѓу играчите.

– Сакам да се отвори дијалог за задолжителна вакцинација меѓу тенисерите, бидејќи ми е нелогично публиката да мора да биде вакцинирана, а играчите не. Моето мислење е дека вакцинацијата во еден момент мора стане задолжителна, изјави Азаренка.

Според проценките на АТП и ВТА, само половина од тенисерите во двете конкуренции се вакцинирани против Ковид-19.

– Не гледам никаква смисла да се одолговлекува тој процес, бидејќи сите сакаме да бидеме безбедни, да си ја вршиме работата и да патуваме. Мораме да го започнеме тој разговор, бидејќи е неизбежен, порача белоруската тенисерка.

Би можело да ве интересира

Барти нема да игра на завршниот ВТА турнир во Мексико

Дебитантско финале на Индијан Велс

Ана Ололовска

Мареј ќе го пропушти Дејвис купот

Ана Ололовска

Федерер излегува од Топ 10 за прв пат од јануари 2017 година

Ана Ололовска

Зверев обезбеди пласман на завршниот АТП турнир

Ана Ололовска

Соборен рекордот на Федерер според бројот на Мастерс настапи

Ана Ололовска