Азаренка: Очекував полош дочек

Од:

Очекував тежок дуел, дури мислев дека ќе биде и полошо. Се обидов да си објаснам што се случи во натпреварот против Слоун и да го заборавам тоа. Се концентрирав на финалниот натпревар и пресреќна сум дека победив. И Ли беше одлична, но на вакви мечеви мора да се искористат укажаните шанси, а јас тоа го направив, истакна Викторија Азаренка (Белорусија) по денешното освојување на Отвореното првенство на Австралија.

Азаренка пред почетокот на Грен слемот во Мелбурн беше прв фаворит за победа и тоа го оправда стигнувајќи до финалето со максимални победи во два сета.

Во полуфиналето против Слоун Стивенс (САД) Азаренка пропушти пет меч топки и тогаш побара медицинска интервенција во соблекувалната што наиде на негодување од публиката која сметаше дека белоруската тенисерка не можела да го издржи темпото и на тој начин се вратила во игра.
Во денешното финале против На Ли (Кина) победи со 2:1.

Таа е третата тенисерка по Џенифер Капријати и Серенеа Вилијамс која во последните 12 години успеала да ја одбрани шампионската титула во Мелбурн.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари