Азаренка – Ли во финалето на Мелбурн

Од:

Првата носителка Викторија Азаренка (Белорусија) и шестата фаворитка На Ли (Кина) ќе играат во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија.

За Ли ова ќе биде трето Грен слем финале, а второ во Мелбурн.

Во полуфиналето Кинеската Ли ја победи втората носителка Марија Шарапова со 2:0, по сетови 6:2 и 6:2.

Азаренка до финалниот дуел стигна преку полуфиналната победа над Слоун Стивенс (САД) со 2:0, по сетови 6:1 и 6:4.

Финалето е закажано за во сабота 26 јануари.

Од машкиот дел на турнирот, во првото полуфиналето денеска играат Новак Џоковиќ (Србија) – Давид Ферер (Шпанија), додека утре е вториот полуфинален дуел Енди Мареј (Шкотска) – Рожер Федерер (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ