Азар: Лигата на шампионите е задолжителна цел за Реал

Од:

Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар е свесен за тоа колку претенциозни се навивачи на „кралскиот“ клуб. Белгискиот репрезентативец изјави дека е амбициозен да ја освои Лигата на шампионите во дебитантската сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

– Кога играте во Реал, мора да победувате цело време. Ако тимот не ја освои Лигата на Шампионите, навивачите се лути, но во таков клуб тоа е сосема нормално. Јас сум тука за таа цел – да победувам. Во Англија собрав многу искуство. Пристигнав во Челзи пред 7 години, кога бев уште дете. Сега сум позрел. Имам над 500 натпревари зад мене. Иако имам 28 години, јас се сметам за млад, вели белгискиот репрезентативец.

Според него, Премиер лигата и Ла Лига се фундаментално различни, но смета дека неговото искуство ќе му помогне побрзо да се адаптира.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски