АТП со промена во системот на рангирање во услови на пандемија

Од:

Машката тениска асоцијација (АТП) објави важна промена во системот на рангирање со оглед на тешкотиите што ги имаше во спроведувањето на професионалниот тенис досега. Системот за рангирање сега ќе опфаќа период од 22 месеци, наместо 1 година, како што беше порано.

Бодовите на играчите ќе бидат пресметани врз основа на нивните 18 најдобри резултати помеѓу март 2019 и декември 2020 година. На овој начин ќе се избегнат казни за играчи кои не се во можност или не сакаат да учествуваат на преостанатите турнири до крајот на сезоната, кои продолжуваат на 14 август во Вашингтон.

Се прецизира дека еден играч не може да го користи својот резултат од истиот турнир двапати. На пример, со учество на Мастерсот во Мадрид во 2019 и 2020 година, за пласман ќе се земе само подобриот од двата пласмана.

Овие се привремени промени и АТП посочува дека планираат да се вратат на едногодишниот систем, кога ситуацијата ќе се врати во нормала.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ