АТП: Надал се проби на третата позиција

Од:

Најновата промена на АТП листата на врвот донесе неколку промени. Рафаел Надал по триумфот на турнирот во Буенос Аирес се проби на третото место, а најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски го бележи својот најдобар ранг.

Надал сега се наоѓа на третото место, а зад него со скок од едно место е Кеи Нишикори, додека по елиминацијата во четвртфиналето во Дубаи, Енди Мареј падна на петтото место.

На двете први позиции нема промена Новак Ѓоковиќ е прв, а Рожер Федерер е втор.

На 536.место е нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски, кој има 60 поени и има скок од четири позиции.

Воедно Јотовски по повредата оваа недела треба да стартува на фјучрс турнир во Анталија.

Две места подобар пласман од претходната недела има и Димитар Грабул, кој сега е на 665.место. Другите македонски тенисери го имаат следниот ранг: Стефан Мицов – 1.309 место, Бесир Дургути – 1.310 место и Шендрит Деари – 1.392 место.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари