АО: Победа за Азаренка, крај за Ерани и Петрова

Од:

Викторија Азаренка, со победа ја започна одбраната на титулата на првиот грен слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Белорусинката, во првото коло, во два сета 6:1, 6:4, забележа победа над Романката Моника Николеску. Азаренка, во второто коло, за противничка ќе ја има подобрата од дуелот помеѓу Елени Данилиду и Каролина Плишкова.

Најголемата фаворитка на турнирот, третата носителка, Серена Вилијамс, експресно ја победи Едина Галовиц Хол од Романија со 6:0, 6:0.

Убедливи победи за пласман во второто коло, од фаворизираните тенисерки забележаа Марија Кириленко, Суаи Пенг, Светлана Кузњецова.

Драматичен меч одигра носителката број 10, Карлон Вознијацки и Сабине Лисицки. Поранешната прва тенисерка на светот, забележа победа во три сета 2:6, 6:3, 6:3.

Петра Квитова, уште во првото коло ја елиминира Франческа Скијавоне, победничката на Вимблдон од пред две години забележа победа во три сета 6:4, 2:6, 6:2.

Првото коло на турнирот не го минаа седмата и 12-та носителка, Сара Ерани односно Надија Петрова. Ерани загуби од Шпанката Карла Суарез Наваро со 4:6, 4:6, додека Петрова беше поразена од ветеранката Кимико Дате со 2:6, 0:6.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ