Анчелоти: Скудетото не е утопија за Наполи

Од:

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти воопшто не се согласува со ставовите на оние кои сметаат дека неговиот тим може само да сонува за освојувањето на шампионската титула во Серија А.

Искусниот стратег недвосмислено изјави дека „Скудетото треба да биде токму сон, а не утопија“ и ќе треба огромен напор за да го симне Јувентус од тронот.

И во оваа сезона Наполи важи за главен кандидат за врвот, кој „бјанконерите“ го узурпираа во последните седум години. Наполи во натпреварувањата во 2017/18 ја забележа својата најдобра сезона во историјата, освојувајќи 91 бод, но тие беа недоволни за освојување на титулата, поради 95-те поени на Јувентус.

Така „небесно-сините“ станаа првиот тим во историјата на италијанскиот фудбал, што освои над 90 бода, но не стана шампион.

Во летото Наполи се раздели со архитектот на овој успех Маурицио Сари, но го замени со докажано име како Анчелоти.

– Скудетото треба да биде сон, а не утопија. Ако го сметаме за утопија, тоа би било вистинска катастрофа. Можеме да победиме само по цена на огромни напори, мораме да останеме фокусирани цело време, изјави Анчелоти.

Тој, исто така, откри дека понекогаш има потешкотии да комуницира со италијанските медиуми.

– Прашањата кои најмногу ме вознемируваат по натпреварот се оние за изборот што го направив. Ние, тренерите, го набљудуваме тимот во текот на целата недела и ги базираме нашите одлуки во врска со ова. Се се решава до мали детали. Во странство за еден меч можеш да зборуваш 10 минути, во Италија треба да поминете барем еден час за разни телевизии, а потоа и за уште неколку вклучувања во живо. Токму затоа не сум изненаден од реакциите на некои тренери. Дури можам да ги разберам, додаде Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски