Американците предлагаат закон за криминализација на допингот

Од:

Во САД се размислува да се усвои закон според кој допингувањето би се сметало за кривично дело.

Се планира примената на таков закон да се прошири на сите меѓународни натпревари во кои се вклучени американски спортисти, како и оние спонзорирана од страна на американските фирми.

Казните за поттикнување на користење недозволени стимулативни средства, како и самото допингување, би изнесувале и до еден милион долари и казна затвор до 10 години.

– Со овој предлог-закон ќе се заштитиме од мамење и ќе испратиме јасен сигнал дека нема да имаме милост кон нечесност, измама и корупција во спортот, е ставот на неколку сенатори кои имаат намера да го предложат овој закон.

Според важечките прописи допингувањето се казнува со временска суспензија од спортските активности.

Би можело да ве интересира

Халеп е суспендирана на четири години поради допинг

Горан Наумовски

Фудбалер на ЦСКА Софија допингуван играл против Македонија ЃП

Ќе се основа Агенција за анти-допинг

А1он

Неста Картер повторно позитивен на допинг

Јужнокорејски бејзбол играч допингуван преку крем за сончање

Ана Ололовска

Уште двајца руски олимписки шампиони во атлетика суспендирани поради допинг

Жарко Настоски