Ќе се основа Агенција за анти-допинг

Од:

Владата на денешната 112-та седница ја разгледа информацијата на Агенцијата за млади и спорт за потребата од основање самостојна независна Агенција за анти-допинг.

Како што информираат од владината прес-служба, за оваа цел Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт во рок од шест месеци да иницира и оствари координативни средби со претставници на националните анти-допинг организации на земјите од непосредното соседство и Светската анти-допинг агенција (WADA) со цел размена на искуства од кои ќе произлезат препораки за најдобра пракса согласно релевантни индикатори по што ќе изготви компаративна анализа со можни решенија и препораки за организациската поставеност и фискалните импликации заради основање на Агенција за анти-допинг.

Основање на Агенција за анти-допинг произлегува и од обврските од Меѓународната конвенција за борба против допингот во спортот на УНЕСКО што нашата земја ја потпиша во 2008 година и која, меѓу другото, има за цел да ја намали фреквенцијата на допинг супстанци и останати забранети допинг средства и методи, да ја засили допинг контролата со примена на најнови технологии за неговото откривање, да ја гарантираат ефикасноста на санкциите кои се преземаат против оние кои применувале допинг, како и да соработува со спортските организации на меѓународен план во борбата против допингот.

Би можело да ве интересира

Халеп е суспендирана на четири години поради допинг

Горан Наумовски

Фудбалер на ЦСКА Софија допингуван играл против Македонија ЃП

Неста Картер повторно позитивен на допинг

Јужнокорејски бејзбол играч допингуван преку крем за сончање

Ана Ололовска

Уште двајца руски олимписки шампиони во атлетика суспендирани поради допинг

Жарко Настоски

Коу: Секоја допинг измама на ОИ во Токио ќе биде откриена