Јужнокорејски бејзбол играч допингуван преку крем за сончање

Од:

Бејзбол играчот на јужнокорејската екипа Досан Бирс, чие име не се соопштува, беше ослободен од обвинението од антидопинг властите на неговата земја, откако беше докажано дека е невин за употреба на стимуланс наречен „меклофеноксат“.

Овој лек всушност се наоѓа во конзервансот хлорпенсин, кој се користи во некои козметички производи (шампони, лосиони и креми за сончање).

Според тамошните медиуми, адвокатите на безбол играчот се осврнале на преседанот со американскиот ММА борец Роб Фронт, кој беше ослободен од вината од УСАДА оваа година во случајот за истата недозволена супстанција.

Адвокатот докажал дека неговиот клиент бил позитивен на допинг поради користење на крем за сончање една недела пред земањето на примерок за анализа.

Би можело да ве интересира

Халеп е суспендирана на четири години поради допинг

Горан Наумовски

Фудбалер на ЦСКА Софија допингуван играл против Македонија ЃП

Ќе се основа Агенција за анти-допинг

А1он

Неста Картер повторно позитивен на допинг

Уште двајца руски олимписки шампиони во атлетика суспендирани поради допинг

Жарко Настоски

Коу: Секоја допинг измама на ОИ во Токио ќе биде откриена