Алиоски потпишува нов договор со Лидс пред јануарскиот преоден рок

Од:

Преговорите меѓу Лидс и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски се во „завршна фаза“ и се очекува да финишираат со нов договор „во следните неколку недели“.

Ова денеска го објави „Фудбал инсајдер“, цитирајќи неименуван клупски извор од премиерлигашот Лидс.

Според „Фудбал инсајдер“ намерата на премиерлигашот е да го „врзе“ Алиоски со нов долгогодишен договор пред јануарскиот преоден рок.

Новиот договор веќе е на преговарачката маса меѓу Лидс и Алиоски, а македонскиот репрезентативец би останал во клубот од Јоркшир најмалку до 2024 година за неделна плата од 30.000 фунти.

Алиоски (28), чиј договор со Лидс истекува идното лето, неодамна во интервју за британскиот сервис Би-Би-Си изјави дека „со голема љубов би останал во Лидс“.

Би можело да ве интересира

Алиоски промовиран во ново засилување на Ал-Ахли

Алиоски оди во Галатасарај, пишуваат турски медиуми

Жарко Настоски

Алиоски веќе не е играч на Лидс, клубот не му го продолжи договорот

Жарко Настоски

„Не сум расист“: Арнаутовиќ се извини за навредите кон Алиоски, и тоа на македонски и албански јазик

Жарко Настоски

ВИДЕО: Лидс го совлада Тотенхем, Алиоски асистент

ВИДЕО: Лидс и Алиоски го шокираа Манчестер Сити