„Не сум расист“: Арнаутовиќ се извини за навредите кон Алиоски, и тоа на македонски и албански јазик

Од:

Австрискиот фудбалски репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска се извини поради вербалниот инцидент што го предизвика на вчерашниот дуел од Европското првенство против македонската репрезентација, дообјаснувајќи дека неговото однесување било непримерно, но оти тој „не е расист“.

Арнаутовиќ со својот гол во 89. минута стави печат на вчерашниот триумф на Австрија од 3:1, по што беше снимен од една од камерите крај теренот како со погрдни зборови се обраќа кон нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски, додека капитенот Давид Алаба се обидуваше да го замолчи својот соиграч, цврсто притискајќи му ги образите.

– На вчерашниот натпревар имаше некои жешки зборови искажани во емоција за кои би сакал да се извинам, особено на моите пријатели од Македонија и Албанија, Би сакал да кажам една работа многу јасно. Не сум расист! Имам пријатели речиси насекаде во светот и се залагам за различности. Секој кој ме познава е свесен за тоа, напиша Арнаутовиќ на Инстаграм, завршувајќи го обраќањето со извинување на македонски и на албански јазик.

Претходно, Арнаутовиќ ненајавено се појави на денешната прес – конференција на австриската репрезентација во Букурешт со цел, како што наведе, да дообјасни некои детали поврзани со инцидентот.

– Се радував (по постигнувањето на голот) и пристигнаа зборови што ме здоболеа. Беше тоа едноставна, емотивна расправија. На сите, кои се чувствуваат навредени, можам да им кажам дека ми е жал. Дајте да заборавиме, на тоа не му е место во фудбалот, изјави Арнаутовиќ.

Би можело да ве интересира

Алиоски оди во Галатасарај, пишуваат турски медиуми

Жарко Настоски

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски

Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Жарко Настоски

Англија се избори за своето прво финале на европските првенства

Жарко Настоски