Алиоски промовиран во ново засилување на Ал-Ахли

Од:

Саудискиот фудбалски прволигаш Ал-Ахли денеска официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски во свое ново засилување.

Алиоски потпиша двегодишен договор со клубот од Џеда, откако му заврши четиригодишната соработка со Лидс, со кој избори и промоција во Премиер лигата.

– Од истокот на Англија до западот на Кралството Саудиска Арабија. Алиоски е во Џеда, објави вечерва Ал-Ахли на својот Твитер профил.

Ал – Ахли е петтиот клуб на Алиоски во кариерата, која 29-годишниот македонски репрезентативец ја почна во швајцарски Јанг Бојс.

– Многу сум возбуден што започнувам ново патување со Ал – Ахли, изјави Алиоски по пристигнување во Џеда.

Новата фудбалска сезона во Саудиска Арабија стартува идната недела, а Ал-Ахли во премиерното коло, на 13 август, е домаќин на екипата на Ал – Фајсали.

Минатата сезона Ал-Ахли заврши осмопласиран во првенството на Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Алиоски оди во Галатасарај, пишуваат турски медиуми

Жарко Настоски

Алиоски веќе не е играч на Лидс, клубот не му го продолжи договорот

Жарко Настоски

„Не сум расист“: Арнаутовиќ се извини за навредите кон Алиоски, и тоа на македонски и албански јазик

Жарко Настоски

ВИДЕО: Лидс го совлада Тотенхем, Алиоски асистент

ВИДЕО: Лидс и Алиоски го шокираа Манчестер Сити

Робинсон: Лев бек не е природна позиција за Алиоски, не верувам дека ќе остане во Лидс

Жарко Настоски