Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не се сложува со употребата на ВАР технологијата при сите спорни ситуации. Според него тоа може да ги пролонгира натпреварите и да ја „уништи“ динамиката.
– Ако сакаме фудбалот да биде спорт кој веќе не е вистински спорт, ајде да ја користиме технологијата за секој инцидент. Некаде во март, кога секој натпревар е одлучувачки, натпреварите можат да траат три или четири часа. Технологијата треба да се користи само во објективни ситуации, офсајди, кога топката е на гол-линија или не … Но кога станува збор за субјективни ситуации, луѓето никогаш нема стопроцентно да се согласат. Тоа е таков спорт, објасни Алегри.
Неговиот тим вчера одигра 2:2 со Аталанта. На Марио Манџукиќ му беше поништен гол по прегледувањето на видеото, бидејќи беше утврдено дека пред погодокот Лихштајнер го удрил Гомез со лакот.