Алаба повреден за дуелот меѓу Баерн и Фрајбург, Перишиќ и Гнабри неизвесни

Од:

Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за ситуацијата со екипирањето во тимот пред натпреварот од Бундеслигата во 33. коло против Фрајбург.

Баварците веќе ја обезбедија шампионска титула.

„Имаме неколку повредени играчи. Затоа, ќе има неколку пермутации. Давид Алаба нема да игра. Тој долго време има проблеми со глуждот. Утре ќе му дадеме одмор. Иван Перишиќ е исто така повреден. Серж Гнабри доби модринка. И обајцата веројатно нема да играат, но сепак имаме уште 24 часа. Ќе видиме,“ рече Флик.

„Лук Ернандез? Тој ќе игра утре. Ни претстои многу силен меч, некои од резервните играчи ќе треба да ни помогнат и ќе бидат во составот од почетокот,“ додаде тренерот на Баерн.

Натпреварот ќе се игра утре (20 јуни) со почеток во 15:30 часот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ