Зоран Јанковиќ нов лидер на „Позитивна Словенија“

Од:

Околу 2.000 членови на „Позитивна Словенија“ на вчерашниот партиски конгрес изгласаа градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ да ја смени актуелната премиерка Аленка Братушек на лидерското место.

Со доаѓањето на Јанковиќ на чело на партијата, словенечките медиуми оценуваат дека Словенија би можела да влезе во период на политичка нестабилност, пад на Владата и распишување на вонредни парламентарни избори на есен, една година пред рокот, бидејќи против Јанковиќ беа коалициските партнери на Братушек.

Сите три коалициски партнери соопштија дека нема да соработуваат со „Позитивна Словенија“ предводена од Јанковиќ, политичар кој е под истрага за корупција.

– Не можам да бидам премиер доколку ја немам поддршката од својата партија, изјави Братушек пред гласањето.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он