Жители од северна Грција не дозволија бегалци и мигранти да бидат сместени во нивното село

Од:

Во камп на островот Евија, наместо во хотели во близина на Солун, како што беше првично планирано, ќе бидат сместени околу 380 бегалци и мигранти, поголемиот дел се семејства со деца од Сирија, Ирак и Авганистан, откако жителите на селото Врасна во северна Грција, со блокади, протести и реакции, ги премислија хотелиерите кои требаше да ги примат барателите на азил.

Вчера попладне околу 150 жители на Врасна, според локалните медиуми, поставиле блокади за да ги спречат автобусите со бегалци и мигранти, а некои ги нападнале и со камења и тврди предмети.

Од Меѓународната организација за миграции која е надлежна за транспортот на мигрантите и бегалците, за грчката новинска агенција АНА-МПА велат дека со полициска придружба се обиделе преку споредни патишта, да ги избегнат блокадите и да стигнат до хотелите со кои веќе постоел договор барателите на азил да бидат сместени таму.

Меѓутоа, хотелиерите, по притисоците од месното население, не ги отвориле хотелите.

Извори од Министерството за цивилна заштита кое што е надлежно за миграциска политика за АНА-МПА објасниле дека станува збор за хотели со кои бил потпишан договор на шест месеци и нема да има никакво влијание врз туристичкиот период. Додале дека од една страна сите говорат за лошите услови на островите, а од друга нема каде да се префрлат поради реакциите од локалното население.

Станува збор за дел од бегалците и мигрантите кои по неколкучасовното патување со брод од Самос вчера стигнаа во Атина, па со автобуси од грчката престолнина беа пренесени до северна Грција, а сега повторно со автобуси се упатуваат назад кон југ, кон островот Евија.

Ќе бидат сместени во бунгалови во рамките на камп.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе