Земан: Турција практично е сојузник на ИД

Од:

Турција посредуваше во извозот на нафта од териториите што беа под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД), со што таа практично стана сојузник на џихадистите, изјави чешкиот претседател Милош Земан.

– Зошто ги напаѓаат Курдите? Па, затоа што (Турците) фактички се сојузници на ИД. Иако е членка на НАТО и сака да влезе во ЕУ, што е малку веројатно дека ќе се случи, има информации дека во време кога ИД окупираше голем дел од Сирија и Ирак, Турција посредувала во некои логистички операции за снабдување на Исламската држава. Конкретно во извозот на нафта, нагласи Земан.

Тој го обвини турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека со неговата политика на „исламизација на Турција“, ја приближува земјата до исламските радикали.

– Тоа повеќе не е онаа секуларна држава на Ататурк и станува држава што ја пропагира исламската идеологија. Од тоа логично произлегува дека е блиска со исламските радикали, од што пак логично произлегува дека ги напаѓа Курдите, заклучи Земан.

Силите за заштита на народот на сириските Курди, поддржани од САД, презедоа голем дел од територијата во североисточна Сирија, од каде ги потиснаа борците на ИД.

Од друга страна, Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), кој се бори за автономија на турските региони населени со Курди и која се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Турските сили заедно со сириските бунтовнички групи поддржани од Анкара, презедоа офанзива против борците на сириските Курди во северна Сирија, потиснувајќи ги од териториите долж границата со Турција.

Анкара најави офанзива против сириските Курди и во североисточна Сирија, источно од реката Еуфрат, но операцијата беше одложена под притисок на САД.

Би можело да ве интересира

Песков: Путин ќе разговара со Ердоган и Рохани за нападот на Арамко

Ана Ололовска

На Турција и е испорачан вториот дел од рускиот систем С-400

Ана Ололовска

Турските обвинители издадоа наредби за апсење на 222 осомничени војници, наводни поддржувачи на Ѓулен

Два силни земјотреса утринава ја погодија Турција

Ердоган: Кризата со САД може да се надмине заради моите односи со Трамп

ОБСЕ го поздрави ослободувањето на турските новинари

Ана Ололовска