За три недели нова српска влада, подготвена за предизвици

Од:

Србија до крајот на јули ќе има нова влада, подготвена да одговори на сите предизвици, е пораката по првиот состанок на лидерите на владејачката коалиција, посветена на реконструкција на Кабинетот на премиерот Ивица Дачиќ, јави Танјуг.

Лидерите на коалицијата разговараа денеска за идните програмски цели на владата и договорија оваа недела биде избран главниот преговарач на Србија во процесот за членство во ЕУ.

На состанокот не станало збор за кадровски решенија туку е договорен „календар“ на средби според кој оваа недела ќе биде дополнително разговарано за владините цели и избран преговарач.

Идната недела за целите на владата и песонални решенија ќе стане збор во партиите. Третата недела владата и собранието ќе ги завршат сите неопходни работи за да се овозможи работа на „реконструираната“ влада.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија