За една седмица над 122.000 заразени и 355 починати од Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатата седмица во Грција е регистриран за 21 отсто зголемен број смртни случаи од Ковид-19, вкупно 355 починати, но и за 11 проценти намален број на позитивни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 25 до 31 јули биле потврдени 122.230 случаи на Ковид -19, од кои 20 отсто се реинфекции, а биле направени 802.999 тестови, со стапката на позитивност 15,22 отсто, наспроти 15,56 проценти пред една седмица.

За седум дена биле регистрирани 355 смртни случаи, 21 отсто или 84 починати повеќе од минатата седмица.

Во грчките болници во конкретниот период биле примени2.558, а отпуштени 2.219 пациенти, додека пак вкупно 138 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.474.616 случаи на Ковид-19, а починаа 31.377 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Грција инфлацијата достигна 11,6 отсто

А1он

Министерот за туризам на Грција: Во јули имавме над 900 000 пристигнувања седмично

А1он

СИРИЗА бара оставка од Мицотакис за случајот со прислушкувањата

Во Македонија уапсени четворица Пакистанци осомничени за убиство во Грција

Директорот на службата за разузнавање на Грција и генералниот секретар на грчката Влада си поднесоа оставки

Во Грција потврдени 39 случаи на мајмунски сипаници

А1он